Пауло Фонсека нема следната сезона да ја води Рома. Тоа е дефинтиивно затоа што самиот клуб, предмалку ја објави оваа информација.

Управата на клубот не е задоволна од начинот на кој што Фонсека ја одработи сезонава, а очигледно дека моментот на прекшување беше оној пораз од Манчестер Јунајтед од 6:2 во првиот меч од полуфналето од Лигата на Европа.

Рома не стои најдобро ниту на табелата во домашниот шампионат, каде што не обезбедува пласман во Лигата на Шампионите следната сезона.

Договорот на Фонсека и онака е до крајот на оваа сезона, а околу наследникот сеуште нема никаква најава.