Хрватските медиуми нема ден да не го величаат Аријан Адеми, да не му “вадат“ некои нови бројки и рекорди.

Па така утринава “Вечерњи Лист“ излезе со нови информации околу се она што е поврзано со македонскиот репрезентативец како играч на Динамо Загреб, убедливо најдобриот и најголемиот клуб на овие простори.

Имено и минатата сезона беше успешна за Аријан Адеми, но оваа ќе биде од соништата. И поради настапите и пласманот со Македонија на ЕУРО, секако и поради се она што капитенот на “модрите“ постигна во оваа, во која играше и Стефан Ристовски, во дресот на Динамо.

Имено ако утре заигра на мечот против Хајдук во Сплит, Адеми ќе го има 24 настап во “вечното“ хрватско дерби во ХНЛ, или 28 настап против “билите“ во сите натпреварувања. Со ова тој ќе го стигне досегашниот рекордер Един Мујчин.

Инаку иако Адеми имаше пауза од две години поради допинг, тој е најтрофејниот фудбалер на Динамо во историјата на клубот. Имено Македонецот досега освоил 17 трофеи. Девет пати шампион, пет купови и три Суперкупови, оваа бројка може само да се зголеми набргу.

Исто така Адеми сега има 304 настапи на официјалните мечеви во дресот на Динамо во ХНЛ, и заедно со легендарниот Среќко Богдан го дели четвртото место на вечната листа на настапи за Динамо. Пред него се само Ладиќ (468), Рамљак (337) и Млинариќ (307).

Адеми е и рекордерот на Динамо со најмногу настапи за “модрите“ во Европа, стигна до 84 меча.

Нема што, тој е фудбалер – СУПЕРМЕН.