И дефинитивно, Ансу Фати, младиот играч на Барселона, едне од најталентираните фудбалери во светот, ќе мора на нова операција, и тоа трета по ред за кусо време.

Навистина хорор информација за Фати.

Да потсетиме дека Фати го повреди коленото во ноември минатата година на мечот со Бетис. Од тогаш тој беше подвргнат на две операции, но болките во пределот на мемискусот и натаму не му даваа да му се врати на фудбалот. Па токму затоа одлучено е врз Фати да се направи и трета операција, а тоа ќе значи дека тој ќе мора на пауза од два месеци. Ќе се направтат обиди да биде подготвен барем за стартот на новата сезона во август.

Инаку до повредеата младиот офанзивец на Барса заедно со Меси беше најдобриот фудбалер на каталонскиот гигант.