Данската ракометна федерација и селекторот Николај Јакобсен ја продолжија соработката до 2025 година.

Јакобсен ја презеде функцијата во 2017 година, во 2019 година потпиша договор до 2024 година. Сега двете страни повторно ја продолжија соработката овој пат, договорот е продолжен до летото 2025 година за СП чиј домаќин ќе биде Данска. Јакобсен и Данска на последните два Мундијали го освоија златниот медал. Добро е познато дека по освојувањето на последното СП, првиот пораз го запишаа токму против Македонија во Скопје.