Манчестер Сити и ПСЖ вечерва ќе го дадат првиот патник во финалето на Лигата на шампионите. Сити сега се наоѓа на чекор кон своето прво финале во историјата во ЛШ, со победата во Париз од 1:2.

Сепак, во изминатите години ЛШ приреди многу изненадувања, па така не треба да се отпише ниту ПСЖ кој ќе се бори за своето второ финале во последните две години.

И двата тренери ќе ги имаат сите расположиливи играчи на располагање.

„Од моето искуство секогаш полуфиналињата во ЛШ се тешки. Во глава ти се врти натпреварот од првиот меч, како да стигнеш до тоа финале, и понекогаш забораваш што треба да правиш, затоа што имаш уште за играње, и на тоа јас размислувам. Секогаш тој втор натпревар во полуфиналето е потешко. Секогаш има притисок“, рече Гвардиола.

Најголема грижа за ПСЖ вечерва е дали ќе игра Килијан Мбапе, откако тој тренираше под посебен режим.

„Ја следиме ситуацијата со Килијан. Тој тренираше одвоено, и немаме донесено одлука дали ќе игра“, рече Покетино и додаде:

„Ќе направиме се да им приредиме на навивачите магичен влез во финале. Подготвени сме за овој меч, и се надевам дека играчите ќе го остават срцето на терен и ќе победат и ќе се обидат да направат историја“, вели Покетино.