АКТУЕЛНИОТ ПРВАК ДОЈДЕ ДО ШЕСТАТА ПОБЕДА

Фантастичниот Хамилтон ја освои Монца

Луис Хамилтон е победник на Големата наградата во Италија во Монца. Актуелниот шампион ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Себастијан Фетел на 32 бода. 

објавено: 2 септември 2018 - 17:26

Иако на стартот беше трети зад Себастијан Фетел и Кими Раиконен, сепак Британецот успеа да ги искористи сите грешки и со мајсторско претекнување да дојде до победа, зад себе ги остави Раиконен и Ботас. Веќе во првиот круг го мина Фетел во трката за второто место, прво Германецот направи грешка, го дури и го удри Хамилтон, кој излезе од патеката. Се врати Фетел, но не успеа на крајот, го освои петото место.

На Хамилтон му остана да води битка со Раиконен за првото место, која на крајот да доби. За актуелниот шампион ова е шестта победа сезонава, додека петта на патеката во Монца. На третото место заврши Валтери Ботас, додека на Себастијан Фетел му припадна четвртото место.

Хамилтон има 256 бода, додека Фетел има 224 на седум трки до крајот на сезоната. Следната трка на Формула 1 е закажана за две недели во Сингапур.

 

Најново во Авто-мото