БРИТАНЕЦОТ САКА АКЦИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА НЕГОВИОТ БОЛИД

Хамилтон изненаден од „триковите“ на Ферари!

Светскиот шампион во Формула 1 го потсети својот тим Мерцедес дека треба да се преземат мерки со цел нови подобрувања во „Мерцедес“, за да не заостанат во битката против Ферари за шампионската титула оваа сезона 2018.

објавено: 27 август 2018 - 17:00

Во неделата, Германецот Себастијан Фетел победи на Големата награда на Белгија и повторно ја направи битката интересна за првото место во генералниот пласман. Иако Хамилтон беше прв во квалификациите, клучниот момент се случи уште во првиот круг, кога возачот на Ферари го престигна својот конкурент во борбата за титулата и до крајот на трката ја задржа првата позиција. Така го намали заостатокот зад него во вкупниот пласман на само 17 поени.

Хамилтон, всушност, победи на две трки пред летната пауза, но главната улога за овие успеси ги одиграа променливите и дождливите услови во Германија и Унгарија.

„Дојдовме во Белгија со прилично добра надградба. Генерално, секој пат кога правиме подобрувања во нашиот болид, Ферари е уште посериозен. За време на квалификациите тие беа побрзи во првиот и последниот дел од патеката. Ова го знаевме од последните четири трки дека имаат некои работи во автомобилот што го прават побрз".

Следната трка ќе се вози на 2. септември за Големата награда на Италија во Монца. Кај возачите води Хамилтон со 231 бод, пред Фетел (214), а кај конструкторите Мерцедес има 375 бодови, а Ферари 360.

„Не знам дека Ферари прави нешто нелегално. Секој тим има одреден трик. Тоа е нешто што малку повеќе го привлекува потенцијалот на автомобилот. Признаваме, тие нè победија во Спа. Можеби имаат работи, кои ги немаме во нашиот болид, или можеби обратно. Што и да е, треба да бидеме максимално подготвени и да станеме подобри", додаде Хамилтон.

Најново во Авто-мото