ИАКО ЈА ОБЕЗБЕДИ ПЕТТАТА ШАМПИОНСКА ТИТУЛА

ХАМИЛТОН: Можеби сум меѓу најстарите, но и понатаму сум гладен за победи

Петкратниот Формула 1 шампион Луис Хамилтон вели дека и понатаму кај него постои глад за победи исто како и младите талентирани возачи кои ќе ги предизвика и следната сезона...

објавено: 8 ноември 2018 - 18:25

Пред две недели во Мексико ја освои и петтата шампионска титула во Формула 1, но Луис Хамилтон веќе им се радува на новите предизвици.
Британецот вели дека се гледа себеси во 21 годишниот возач на Ферари, Шарл Леклер, и една година постариот Пјер Гасли.

„Тоа се две ѕвезди во подем, кои веќе покажуваат неверојатен потенцијал"- рече Хамилтон откако стигна во Сао Паоло пред трката за Големата награда на Бразил.

На таа листа, иако нешто подоцна, Хамилтон го стави и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.

„Ја поздравувам конкуренцијата. Во нив се гледам себеси во тие години. За мене сега е малку поинаку Јас сум еден од најстарите возачи, но и понатаму чувствувам дека ја имам таа глад за победи, исто како и тие"- рече 33. годишниот Британец.

Претпоследната трка во сезоната во Ф1 шампионатот се вози овој викенд во Бразил.

Најново во Авто-мото