ХОЛАНЃАНЕЦОТ ТРГНА ВО ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА

TEПАЧКА ВО ГАРАЖАТА: Ферстапен сакаше и да го „истепа" Окон (ВИДЕО)

Возачот на Ред Бул Макс Ферстапен физички го нападна возачот на Форс Индија, Себастијан Окон во гаражата после трката за Големата награда на Бразил...

објавено: 12 ноември 2018 - 10:30


Двајцата возачи имаа контакт на патеката кога во 43.круг од трката Окон погреши и го истурка Ферстапен од патеката, што на крајот го чинеше младиот Холанѓанин и евентуална победа на ГН во Сао Паоло.
Темпераментниот Ферстапен не му остана должен на Окон, па кога се сретнаа во гаражата на она задолжително мерење после трката, му упати доста „сочни пцовки", а неколку пати и го оттурна од себе... 

Најново во Авто-мото