ШАМПИОНАТ ВО АВТОМОБИЛИЗАМ 2018

Квалификации од втората кружна трка во Кичево

Викендов во Кичево ќе се вози втората кружна трка од македонскиот автомобилистички шампионат, поделена во 5 класи во три дивизии.

објавено: 2 септември 2018 - 15:50

„Квалификациите поминаа одлично, задоволни сме од реализираното и очекуваме уште повеќе публика и добри резултати на трката", истакна организаторот на настанот, Миле Делев од автомото клубот Кастум Кар Рејсинг.

На квалификациите, најдобри времиња остварија Димитриј Кимовски, кој што вози со српска лиценца и е вон конкуренција, односно гостин во дивизијата до 1150 кубни сантиметри, Благоја Димитровски во дивизијата до 1600 кубни сантиметри и Давид Малинковски во категорија Е1 до 2000 кубни сантиметри.

„Задоволен сум од извозеното време во квалификациите, особено од второто возење кога го поставив најдоброто време. Очекувам интересна и возбудлива трка", изјави Давид Малинковски, возачот на Кастум Кар Рејсинг.

Трката е закажана за недела, 2-ри септември во 12:00 часот. Ова е втор настан од вкупно 4 трки на кружни патеки (остануваат уште две трки во Скопје), а ќе се вози и уште една трка (Водно во ноември) од 4 на ридски патеки, во годинешното македонско автомобилистичко првенство.

Во генералниот поредок на кружни патеки, водат Александар Ѓеорѓиевски во класата 1, Мартин Делев во класата 2, Дарко Ангеловски во класата 3, Даниел Блажевски во класата 4 и Даниел Белиќ во класа 7.

Фото: brzkrug.com

Најново во Авто-мото