НЕ Е СЕ САМО ВО ФУДБАЛОТ ЗА „ГАУЧОСИТЕ“

Аргентински прирачник за СП: Еве како да одведете руска девојка во кревет

Фудбалската федерација на Аргентина организираше семинар за претстојниот Мундијал во Русија и подели прирачник за рускиот јазик и културата

објавено: 16 мај 2018 - 20:30

Фудбалската федерација на Аргентина организираше семинар за претстојниот Мундијал во Русија и подели прирачник за рускиот јазик и културата. Со овој прирачник, сите оние кои ќе патуваат на планетарниот собир, ќе знаат мал дел од работите кои се карактеристични за земјата домаќин.

Прирачникот немаше да биде скандалозен, ако една од главните теми кои се одработени е тоа како да се фати руска девојка и да се одведе во кревет. 

„Што треба да направите за да имаше шанса кај девојка од Русија? Русинките, како и сите други девојки сакаат да сте чисти, добро облечени и да мирисате добро. Првиот впечаток е многу важен, па затоа внимавајте како изгледате. Русинките се многу убави и многу мажи сакаат само да ги одведат во кревет, но тоа се девојки кои сакаат да се чувствуваат важно и како да се единствени. Наш совет е да се однесувате со нив како личности“, стои во прирачникот за сите Аргентинци кои ќе патуваат во Русија. 

Најново во Другата страна на спортот