ПОБАРУВАЧКАТА Е ГОЛЕМА

Дресови на лондонски клуб се хит во Шпанија

Мал лондонски клуб не ни помислувал дека нивните дресови ќе станат толку популарни на Пиринеите

објавено: 19 септември 2018 - 08:50

Малиот лондонски клуб Клептон, кој настапува во ниските англиски дивизии направи вистински „бум" кога во прашање е маркетингот. И тоа несакајќи. Во центарот на светската јавност влегоа поради историските мотиви кои ги имаат на своите дресови, а се поврзани со времето пред Шпанската граѓанска војна. За овие дресови се дозна токму на Пиринеите таму најмногу се продаваат. Тие не можеле да ги опслужат сите заинтересирани купувачи затоа што им стасале над 5.000 побарувања.

Боите се исти како знамето на Првата шпанска република која траела една година (1873 до 1874) под раководство на републиканската-социјалистичка партија, но била вовлечена во криза кога генералот Франциско Франко извршил воен преврат со кое го означил почетокот на Шпанската граѓанска војна. На дресот исто така го има и познатиот слоган „Но Пасаран" или во превод „Нема да поминете".
Кога ги претставил дресовите клубот очекувал да продаде околу 250 дреса, а дизајнот го одбрале навивачите.

Најново во Другата страна на спортот