СЕ ОЧЕКУВА МНОГУ ОД ЧАВИ

Има 15 години, игра за Барселона и живее како голема ѕвезда!

Барселона во својата академија „Ла Масија" има голем број деца за кои се верува дека еден ден ќе бидат ѕвезди на каталонскиот клуб.

објавено: 24 јули 2018 - 09:30

Веројатно најголемата ѕвезда моментно во академијата на Барса е Чави Симонс кој пред неколку години пристигна во „Ла Масија".

Ова 15-годишно дете го доби името по легендата Чави и се очекува еден ден да биде лидер во првиот тим на Барселона.

Воедно Симонс е далеку пред своите врсници по начинот на живеење, а Барселона му обезбеди се што посака. Доволно е да се рече дека ова дете на „Инстаграм" има дури милион фанови, а веќе потпиша и неколку спонзорски договори.

Секако, најзвучно име во тој сегмент е „Најк" кој одамна е во соработка со големата фудбалска надеж на Барселона.

Најново во Другата страна на спортот