НЕОБИЧНА ЖЕЛБА НА ЕДЕН ГОЛЕМ ФАН НА ЈУВЕ

Наместо цвеќе, испратете ги головите на Роналдо...

Еден навивач на Јувентус, Марио Стефанини почина вчера во 77 година од животот, а погребот кој ќе биде во Тоскана, има(л) една неверојатна порака...

објавено: 18 ноември 2018 - 14:40

Прекарот на Стефанини бил „Ил Доро", а каков е обичајот, посмртниците се залепени по градот Лука во Тоскана, како на неговите познаници им биде соопштена неговата смрт.

Неговото семејство ја најави тажната вест, но во исто време поставија и една необична порака:
„Наместо цвеќе , испратете ги головите на ЦР7".
Којзнае, можеби и наредниот гол во дресот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе му го посвети на овој очигледно, голем навивач на „Старата дама" од Торино.

Најново во Другата страна на спортот