МАЛИОТ ПАРТИЗАНОВЕЦ НА ЛЕЧЕЊЕ ВО БАРСЕЛОНА

Не сакам да дојде Меси, го сакам мојот Немања (ФОТО)

Четиригодишниот Душан Тодоровиќ, кој моментално се наоѓа на лечење во каталонскиот град, ги изненади шпанските лекари кога поради фудбалерот на Партизан одбил да го посетат светските асови како Меси, Пике, Бускетс...

објавено: 19 септември 2018 - 17:15

Сега го доби одговорот од својот идол...

Клиниката на која се наоѓа малиот „Дуки" е недалеку од стадионот „Камп ноу", па првотимците на барселона доста често се во посета кај најмалите пациенти.
Но кога момчето од Србија го прашале дали сака да го доведат Лео Меси, добија одговор кој ги шокираше.

„Не го сакам него".

Лекарите се збунија, па понудија други „решенија".

„Сакаш ли да дојде Пике во посета?"

„Не".

„А Бускетс?"

„Не сакам".

Изненадената докторка го замолила таткото на Душан, да го праша својот болн син – кој фудбалер сака да го види. И брзо доби одговор.

„Го сакам мојот Немања"

Станува збор за дефанзивецот на Партизан, Немања Р. Милетиќ, кој му е омилен играч на Тодоровиќ кој беше цел на една голема хуманитарна акција во Србија.
Беа собрани повеќе од 200.000 евра за четиригодишното момче да дојде на ова лечење.
А кога „неговиот Немања" ја слушнал оваа приказна, едноставно не можеше да ги сокрие емоциите.
На констатацијата дека е обожуван од Душан, Немања само возврати:

„И јас него! Едвај чекам да го видам".

Но Милетиќ ќе мора да сочека, особено поради клупските обврски со Партизан во наредните денови.

„За жал, поради густиот распоред, вечното дерби и куп-натпревар, не сум во можност сега да одам. Доколку клупските обврски ми дозволат, секако, во договор со шефот Мирковиќ, првиот ден одмор за време на репрезентативната пауза ќе го искористамн за посета на Барселона и Дуки "- потврди членот на „црно-белите", кои и ја почнаа акцијата за сибирање на преку потребните 200.000 евра за храбриот Душан, кого го чека операција со која треба да му се отстрани туморот, кој повторно се активирал во изминатиот период, и бара итна стручна интервенција.

Најново во Другата страна на спортот