ЖИВОТОТ ГО ЗАГУБИЈА ПЕТ ЛУЃЕ

Откриена причината за падот на хеликоптерот на газдата на Лестер

Агенцијата за истражување на авионски несреќи на Велика Британија (ААИБ) соопшти дека за причината за падот на хеликоптерот во Лестер во кој, меѓу другите, загина и сопственикот на ФК Лестер, Вишај Шриваданапрабха, е механички дефект.

објавено: 6 декември 2018 - 19:50

Агенцијата за истражување на авионски несреќи на Велика Британија (ААИБ) соопшти дека за причината за падот на хеликоптерот во Лестер во кој, меѓу другите, загина и сопственикот на ФК Лестер, Вишај Шриваданапрабха, е механички дефект.

Несреќата се случи на 27.октомври, после натпреварот на Лестер со Вест Хем, кога хеликоптерот на газдата на „лисиците" полета од стадионот „Кинг Пауер" и за кратко време се урна на еден од паркинзите, и се запали.

Покрај Вишај Шриваданапрабха загинаа уште четворица.
ААИБ утврдиле дека дошло до дефект на врската помеѓу папучите во кокпитот и роторот во опашката на леталото, поради што пилотот ја загубил контролата, по што се случи трагедијата која го потресе целиот фудбалски свет.

Најново во Другата страна на спортот