ПОРТУГАЛЕЦОТ ПРЕД МЕСИ И НЕЈМАР

Само две убавици се пред Роналдо: Еден „клик“ му носи 750.000 долари

„HopperHQ.com“ го објави списокот на најбогатите познати личности според зарботка од социјалните мрежи. 

објавено: 27 јули 2018 - 08:00

Кристијано Роналдо уште еднаш ги победи Лионел Меси и Нејмар, овој пат по заработката на „Инстаграм“. „HopperHQ.com“ направи анализиа и го објави списокот на најбогатите познати личности според заработката на социјалните мрежи.

Роналдо со следат 136 милиони луѓе на „Инстаграм“, доколку некој спонзор сака да се појави само еднаш на неговиот профил ќе мора да плати 750.000 долари. Португалскиот фудбалер само со еден „клик“ на сметката ќе добие голема сума на пари.

Покрај Роналдо, најскапата фудбалска петорка ја сочинуваат Нејмар, Меси, Дејвид Бекам и Герет Бејл. Нејмар за објава на „Инстаграм“ наплаќа 600.000 долари, додека Меси пак 100.000 помалку, ценовникот на Бекам е 300.000 долари, на Бејл изнесува 185.000 долари.

Што се однесува до вкупниот поредок, Роналдо е на третото место, пред него со манакенката Кајли Џенер, чија објава чини милион долари, на второто емсто е Селена Гомес (800.000 долари). Зад португалскиот фудбалер се Ким Кардашијан и Бијонсе.

Најново во Другата страна на спортот