ШТО ЗНАЧИ ДА СИ БОГАТ И СЛАВЕН

Секси Георгина и Кристијано го запалија Милано (ФОТО+ВИДЕО)

Славниот Португалец го искористи слободниот ден во Јувентус за да „скокне"од Торино до епицентарот на модата во Италија...

објавено: 7 август 2018 - 12:45

Секако тоа не беше обично излегување, или уште подобро добар момент за шопинг во Милано.

Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез шопингуваа низ улиците на „градот на модата", но тоа личеше на се, само не на вистинско пазарување на некои модни детали.


Колку е тешко да си славен (не само богат), најдобро знае токму популарниот ЦР7, чии фанови не го испуштаат ниту на еден момент.
Дури и еден ден предвиден за шопинг од негова и страната на неговата пратителка, не можеше да остане незабележен.

Иако опкружен со своето обезбедување, славниот Португалец едвај побегна од турканиците кои се создадоа околу него кога се појави на еден плоштад во Милано.

Дали имал желба во шопингот да остане незабележен, тоа е непознато.

Но Роналдо пазаруваше во една продавница во која има само најскапи модни брендови во светот, се разбира ништо чудно ако се знае дека пред извесно време доби договоро од Јувентус според кој годишно ќе заработува по 30.милиони евра.

Најново во Другата страна на спортот