Македонскиот репрезентативец, Филип Талески и Рајн Некар со триумф во Бундес-лигата се рехабилитираа по поразот од Вардар во ЛШ. Талески кој неодамна стана татко, овој пат имаше поддршка од трибините од својата сопруга Ена и ќеркичката Софиа. По завршување на мечот тој победата ја прослави токму со својата најголема љубов.
Шериф Кунт, иако ја почнува осмата деценија на животот, нема намера да се откаже од фудбалот, а вчера дебитираше за својот нов клуб Кизилтепе Генчлербирлиги, кој настапува во една од аматерските лиги на Турција
Дејан Манасков и Веспрем на домашен терен ја совладаа Барселона со 29-26 во првиот меч од продолжението на сезоната во Лигата на шампионите. Унгарскиот вицепрвак на трибините имаше поддршка од екс-вардарецот, Страхиња Милиќ, кој веднаш се симна во соблекувалната на Веспрем да го направи победничкото селфи со Манасков.
Во големото градско дерби, Реал Мадрид го совлада Атлетико со 3-1.
Двајцата фанови на Саутемптон се приведени по дуелот со Кардиф, откако за време на мечот го имитраа летот на авионот во кој животот го загуби Емилијано Сала.
Фудбалерот на Лидс, Џек Кларк ја загубил свеста на денешниот меч против Мидлсбро, по што веднаш бил пренесен во болница.
Фудбалската федерација на Мароко е спремна да плати дури 450.000 евра за да го видат Лео Меси во дресот на Аргентина на контролниот натпревар со Мароко
Дејвид Бекам е првата голема ѕвезда која заиграла во МЛС-лигата.
Маратонците кои учествуваа на овој неверојатен предизвик тргнаа од Антарктикот, па преку Кејп Таун и Перт завршија на улиците на Дубаи, Мадрид, Сантијаго и Мајами.
Оваа идеја беше актуелна пред две години, а сега и дефинитивно ќе биде реализирана