Кенија во екстаза по светскиот рекорд во маратон

Дочек со венец и ферментирано млеко за националниот херој Кипчоге

Tрката се гледала по локалните кафулиња со гласно навивање за Кипчоге и неговиот напад на светскиот рекорд. Сега цела држава го чека неговото враќање дома, за да му приредат величенствен пречек.

објавено: 17 септември 2018 - 19:30

Новиот светски рекорд во маратон кој Кениецот Елиуд Кипчоге го постигна на маратоно во Берлин предизвика национална еуфорија во земјата. Маратонот и трчањето воопшто, во Кенија се национален спорт, па не случајно настапот на Кипчоге на маратонската патека во Берлин во неговото родно место и останатите поголеми градови се следеше како финале на светско првенство во фудбал.

Новинарските извештаи велат дека трката се гледала по локалните кафулиња со гласно навивање за Кипчоге и неговиот напад на светскиот рекорд. Дел од организираните настани биле спонзорирани од брендот на автомобили кој стои како дел од спонзорскиот тим на Кипчоге, а луѓето едноставно уживале вод вочасовното следење на историскиот подвиг на нивниот сонародник.

Сега, Кенија се подготвува да го дочека националниот херој со традиционални обичаи. На аеродромот каде што ќе слета маратонецот, ќе биде пречекан со венец од испреплетени гранки и традиционално ферментирано млеко „Мурсик" подготвено од луѓето Каленџин, кои пијат од сушени лејки, кои се симбол за областа од која доаѓа новиот светски рекордер.

Најново во Други спортови