ВЕЌЕ ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ

„Охрид трчаТ“ со промоција во Софија (ФОТО)

Најголемата и најмасовната спортска манифестација во Охрид, Атлетскиот викенд Охрид трчаТ имаше успешна промоција на Атлетскиот маратон во бугарската престолнина...

објавено: 16 октомври 2018 - 14:15

Најголемата и најмасовната спортска манифестација во Охрид, Атлетскиот викенд Охрид трчаТ имаше успешна промоција на Атлетскиот маратон во бугарската престолнина.


Осумчлена охридска експедиција на експото на маратонот во Софија го промовираше спортскиот настан и градот кој оваа година домаќин беше на 1 100 учесници.

„Охрид трчаТ беше промовиран на уште еден голем настан. Со учеството и промоцијата на Охрид трчаТ ја завршуваме 2018 година. Ни останува уште гала вечерта на која ќе им се заблагодариме на нашите пријатели и поддржувачки кои од ден во ден се побројни" – изјави директорот на трката, Иван Цветкоски.

Спортскиот настан број еден во Охрид оваа година имаше успешна презентација на „Dumotion" во хрватскиот град Дубровник и Скопскиот Визеир маратон кој собра 10 000 натпреварувачи.

Охрид трчаТ го промовираше плакатот, а во најскоро време ќе започне пријавувањето за учество на третото издание на Атлетскиот викенд во Охрид.



 

Најново во Други спортови