ШАХ - СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО РЕШАВАЊЕ КОМПОЗИЦИИ-ОХРИД

Македонија на 18. место

Во рамките на 61. Светски конгрес на шаховската композиција (СКШК) во Охрид (1.-8.9.2018), организиран од ШК „Гамбит Асеко СЕЕ" и ШФМ, се одржа 42.- Светско првенство во решавање на шаховски композиции, на кое главен судија беше македонскиот мајстор Иван Денковски.

објавено: 10 септември 2018 - 18:25

Во рамките на 61. Светски конгрес на шаховската композиција (СКШК) во Охрид (1.-8.9.2018), организиран од ШК „Гамбит Асеко СЕЕ" и ШФМ, се одржа 42.- Светско првенство во решавање на шаховски композиции, на кое главен судија беше македонскиот мајстор Иван Денковски.

Во конкуренција на 19 екипи победи Полска (151,5 поени), пред Русија (151,25 п.) и Англија (144,75 п.), а екипата на Македонија беше 18.-та (70,75 п.). Во поединечна конкуренција на СПР повторно победи Пјотр Мурџа од Полска, а за Македонија решаваа Зоран Стојчевски (72. место), Андреј Вељановски (78. м.) и Емил Ристевски (79. м.).
Македонските проблемисти освоија вкупно 6 награди на турнирите во компонирање: велемајсторот на шаховската композиција Зоран Гавриловски освои 1. награда (златен медал, пехар и сертификат) во секцијата „А" на Интернет турнирот распишан по повод 61.-от СКШК во компонирање и неколку награди (н.) на неофицијални турнири во компонирање (1.-3. н. и 4. н. на словачкиот турнир „Спишска Боровичка", 1.-2. н. на израелскиот турнир „Сабра" и 4. н. на рускиот турнир „Водка"), а Иван Денковски освои 2. н. на францускиот турнир „Шампањ".
На СКШК беа одржани седници на Светската федерација за шаховски композиции и нејзините поткомисии, на кои беа донесени одлуки за признавање на нови титули, за организирање на европски и светски првенства во решавање и составување и беа избрани органи на оваа светска организација на приврзаниците на шаховските композиции (оригинални творби со уметничка вредност, чија елеганција и поентираност го оправдуваат поистоветувањето на оваа гранка на играта на 64 полиња со епитетот „шаховска поезија").

Најново во Други спортови