На кормилото на С. Арабија

Ристоски „сребрен“ на Азискиот Челинџ Куп

Во премиерното издание на Азискиот Челинџ Куп во Шри Ланка, екс-селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија ја однесе селекцијата на С. Арабија во големото финале каде загуби со 3-2 од Ирак.

објавено: 22 септември 2018 - 15:30

Македонскиот стратег Жарко Ристоски како селектор на машкиот одбојкарски национален тим на Саудиска Арабија премиено ја однесе селекцијата во едно финале на Азиските игри. Саудиска Арабија играше во финалето на Азискиот Челинџ куп во кое со 3:2 загуби од Ирак.

Избраниците на Ристоски држеа одлично темпо во групната фаза со три победи од по 3:1 во сетови над домаќинот Шри Ланка, Хонгконг и Малезија. Во четвртфиналето ја елиминираа Монголија со 3:0, додека во полуфиналниот натпревар славеа над Бангладеш со 3:1.
Единствено Ирак успеја да ги запре Ристоски и Саудиска Арабија во финалето, каде тај-брејкот го добија со 15:13.

Македонскиот стратег одлично се вклопи во новата средина, а откако настапот на Азиските игри го завршија во четвртфиналето, сега ги однесе Саудијците до медал.

Најново во Други спортови