БРИТАНЕЦОТ УСПЕА ДА ГИ ОДБРАНИ ИБФ, ВБА И ВБО ПОЈАСИТЕ

Џошуа во спектакуларна борба на „Вембли“ го нокаутираше Поветкин (ВИДЕО)

Британскиот боксер Ентони Џошуа на преполниот „Вембли" во седмата рунда го нокаутираше Александр Поветкин и така ги одбрани ИБФ, ВБА и ВБО појасите.

објавено: 22 септември 2018 - 23:58

Поветкин на непоразениот британски боксер беше најтежок предизвик после Владимир Кличко, кој го победи минатата година, исто така на „Вембли".

Џошуа сега има 22. победи во кариерата, само една против Паркер ја доби со едногласна судиска одлука.

Русинот беше одличен во петтата рунда, неколку пати во серија го „раздрма" Џошуа кој едноставно немаше решение за Поветкин.

Во шестата рунда за прв пат видовме чисти удари на Британецот, но неговиот ривал брзо се извлече, но не и во седмата рунда која беше пресудна. Погледнете:

Најново во Други спортови