Каде ќе биде реваншот?

Фјури: Реваншот со Вајлдер сакам да биде на Олд Трафорд

Стадионот на Манчестер Ј. би можел да биде домаќин на реванш дуелот во тешка категорија во верзијата на ВБЦ следната година.

објавено: 6 декември 2018 - 14:00

Британецот Тајсон Фјури вели дека сака неговиот реванш со Деонтеј Вајлдер во битката за титулата во ВБЦ да се одржи на теренот на „Олд Трафорд“ во Манчестер. 30-годишниот боксерпред само неколку дена ја имаше битката со Вајлдер во ЛА, но со контроверзна судиска одлука дуелот заврши нерешено.

Вчера Фјури се појави на трибините на „Олд Трафорд“ за да го гледа фудбалскиот меѓ меѓу Манчестер Ј. и Арсенал, а на новинарите по мечот им ја соошти својата желба за реваншот со Вајлдер.

„Јас би сакал дуелот да го организираме овде, на Олд Трафорд“, вели боксерот.

Иако се уште е рано да се згорува за овој реванш дуел, прогнозитевелат дека тој не би можел да се одржи пред летото 2019 година.

Најново во Други спортови