Кавадарци во следниве три дена ќе биде домаќин на велосипедската кадетско-јуниорска балканска елита.
Организацијата е на страна на Велосипедската федерација на Македонија, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Општина Кавадарци.
По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција, на која учествуваше директорот на АМС Дарко Каевски и водечките лица од велосипедската федерација на Македонија.
Предвидено е учество на 12 држави од Балканот, членки на Балканската велосипедска унија (BCU), а секоја држава може да учествува со максимум по 14 велосипедисти, во машка и женска конкуренција или вкупен број на натпреварувачи 168, што го прави овој настан еден од најмасовните велосипедски настани во Македонија.
Рангирањето е во поединечна конкуренција, победникот во секоја категорија се здобива со назив Балкански шампион. Трката се одржува по техничкиот правилник на UCI и правилникот на ВФМ.