БЛЕКХОКС ПОВЕДОА СО 1-0 ПРОТИВ МИНЕСОТА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЗАПАДОТ ВО НХЛ

Маестралниот Кејн го однесе шампионот Чикаго до триумф (ВИДЕО)

објавено: 3 мај 2014 - 14:43

Патрик Кејн постигна два гола во последната третина, од кои едниот со прекрасен бекхенд удар со една рака, за триумф на Чикаго блекхокс со 5-2 против Минесота вајлд во нивниот прв дуел од полуфиналето во Западната конференција од плејофот во Професионалната хокеарска лига (НХЛ).

Кејн (25) беше стрелец на клучните голови, при реузлтат 2-2 со кои го реши победникот. Словакот Маријан Хоса придонесе со еден гол и две асистенции, а Брајан Бикел додаде два гола за актуелниот шампион. Хајлајт на вечерта беше првиот гол на Кејн, кој го постигна по една соло акција и неверојатно прецизен шут со бекхенд со една рака, со кој им донесе водство на Блекхокс со 3-2.

На Истокот, фаворитите Питсбург пингвинс се вратија по негатива од 0-2 против Њујорк ренџерс, но на крајот сепак беа поразени во продолжението во првиот меч од полуфиналната серија на домашен терен. Беноа Пулиот и Бред Ричардс му донесоа водство на Њујорк уште во првата третина, но Пингвинс возвратија преку Ли Стемпниак и Џејмс Нил во вториот период. Во последната третина немаше голови, а решавачкиот погодок дојде по само три минути во продолжението и беше дело на Дерик Брасард.

РЕЗУЛТАТИ

Источна конференција

Питсбург - Њујорк ренџерс 2-3 (ОТ) (0-1 во серијата до четири победи)

Западна конференција

Чикаго - Минесота 5-2 (1-0)

ВЕЧЕРВА ИГРААТ

Бостон - Монтреал (0-1)

Анахајм - Лос Анџелес (0-0)

Најново во Други спортови