ЧЛЕНОТ НА БК БАЛКАНЕЦ НАСТАПИ НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО

Македонскиот борач Штерјов со златен медал од Сараево

Борачот на БК Балканец Штип, Стефан Штерјов го освои првото место и се закити со златниот медал на Балканското првенство за ученици и кадети во Сараево (БиХ).

објавено: 9 септември 2018 - 12:30

Во категорија до 44кг. каде што настапи македонскиот борач имаше вкупно девет борачи.

Најпрвин Штерјов забележа победа во четвртфиналето против Стефан Стојанов од Македонија.

Потоа, во полуфиналето триумфираше нашиот натпреварувач против борач од Бугарија, а во финалето со резултат 5:4 го совлада борачот С.Боке од Турција.

Нов балкански шампион кај кадетите во категорија до 48 кг. е македонскиот борач Бесир Алили. Во финалето убедливо со 12:1 го совлада Исик од Турција.

Најново во Други спортови