ПО ЕДЕН ВАКОВ ХЕРОЈСКИ ПОДВИГ, ЕДНО Е ЈАСНО

„Марко ни одржа спортска лекција на сите“

„Не очекував да биде волку лесно. Сега кога пристигнав чувствувам замор, но во водата од езерото ми беше супер“, изјави Марко Пејчиноски, кој направи огромен подвиг го преплива Охридското езеро и покрај тоа што има само 12 години. 

објавено: 28 август 2018 - 20:35

Македонија има нов херој. Марко Пејчиноски направи огромен подвиг, го преплива Охридското езеро и покрај тоа што има 12 години и пред одреден период се соочува со здравствени проблеми, имач инфаркт на долните екстремитети.

Марко ги освои срцата на сите, на пристаништето во Охрид го пречекуваа голем број на луѓе, а тој беше скромен и покрај тоа што направи херојски подвиг. 

„Не очекував да биде волку лесно. Сега кога пристигнав чувствувам замор, но во водата од езерото ми беше супер“, изјави Марко за „ohridnews.com“.

Тој доби честитки и од македонската пливачка легенда, Дики Бојаџи. 

„Ова дете ни одржа спортска лекција на сите и ни покажа како треба да се користи езерото. Наназад педесет години никој охриѓанец не го препливал Охридското езеро, затоа треба да се слави името на Марко. Честитки до детето и фамилијата која сигурно му била најголема поддршка“.

Најново во Други спортови