Прогласени најдобрите пингпонгари на Македонија

Вардар е најдобар клуб, Ива Димитриевска без конкуренција во две категории!

Во присуство на директорот на АМС, Дарко Каевски, а по завруивањето на сите шампионати, Пинпонгарската федерација на на Македонија прогласи најдобрите екипи и поединци.

објавено: 13 јули 2018 - 17:00

Во присуство на директорот на АМС, Дарко Каевски, а по завруивањето на сите шампионати, Пинпонгарската федерација на на Македонија прогласи најдобрите екипи и поединци.

Во тие рамки, претседателот на ПФМ, Горан Тиловски изјави дека во иднина ќе се води сметка за најмладите пингпонгари, за што во Скопје ќе се отвори школа за почетници и кадети, која ќе ја раководи легендата на македонскииот пинг понг, Миле Петревски.

На свеченоста, пехарот за најдобра екипа во Македонија му припадна на скопски Ваедар, втора е екипата на Шампион Фа од Штип, а трет Младост од Прилеп.
Меѓу сениорите до 21 година првото место го освои Петар Костовски од Младост 96.
Прва во женска конкуренција е Ива Димитриевска од Куманово, која ја освои и титулата и во јуниорска конкуренција, додека пак Ана Стојановска е најдобра во кадетска конкуренциа.
К.Манев

 

Најново во Други спортови