ВО ЖЕНСКОТО ФИНАЛЕ НА УС ОПЕН

Ѓоковиќ: Ја сакам Серена, мислам дека судијата претера...!

Српскиот ас истакна дека арбитарот не требаше да го тера случајот до крајни граници.

објавено: 12 септември 2018 - 11:00

Многу бура крена женското финале на Грен слем турнирот во Њујорк во кое на Серена Вилијамс и беше одземен гем во мечот со Осака, затоа што го нарече судијата „крадец".

Своето мислење околу оваа ситуација го сподели Новак Ѓоковиќ:

„Прво морам да кажам дека многу ја сакам Серена. Навистина ми е жал поради се што се случуваше во финалето. Секако ниту на судијата Рамос не му беше лесно. Беше тешка ситуацијата, многу емоции. Плачеше Серена, плачеше Наоми. Според мене, главниот судија претера со Серена. Не требаше да го води случајот до крајни граници, особено не во финале на Грен слем. Беше тоа непотребно. Но, нема сега да отворам тема како треба да се третираат мажите, а како жените. Ова е единствен случај и како таков треба да се гледа", рече Ѓоковиќ.

Најново во Други спортови