СРБИНОТ БЕЗ ЗАГУБЕН СЕТ ДОСЕГА НА ЗАВРШНИОТ ТУРНИР

Ѓоковиќ пак го преслуша Чилиќ, еве ги полуфиналните двојки во Лондон!

Германецот Александар Зверев го совлада Американецот Џон Изнер со 2:0 (7:6, 6:3) и се пласираше во полуфиналето на завршниот турнир во Лондон.

објавено: 17 ноември 2018 - 00:33

Зверев за пласман во големото финале ќе игра против Роџер Федерер (15:00 часот), а во второто полуфинале ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Јужноафриканецот Кевин Андерсон со почеток од 21:00 ч.

Српскиот тенисер како првопласиран во групата „Густаво Куертен" оди во полуфиналето после новата победа над Хрватот Марин Чилиќ (7:6, 6:2).

Популарниот Ноле ја запиша 51. победа оваа сезона, и пред мечот со Чилиќ веќе го имаше обезбедено настапот во завршните мечеви во „О2" Арената.

Најново во Други спортови