АМЕРИКАНСКАТА ТЕНИСЕРКА ВО КОНФЛИКТ СО ГЛАВНИОТ СУДИЈА

СЕРЕНА ГИ ЗАГУБИ НЕРВИТЕ: Осака е првата Јапонка која го освои „УС Опен“! (ВИДЕО)

Јапонската тенисерка Наоми Осака е нова шампионка на „УС Опен", откако во финалето ја совлада Серена Вилијамс со 2:0 по сетови 6:2 и 6:4. Таа е првата Јапонка која успеала да дојде до тронот во САД.

објавено: 9 септември 2018 - 08:26

Иако Јапонката одигра перфектно и сосема заслужено ја освои првата Грен слем титула во кариерата, мечот го одбележа вербалниот конфликт помеѓу С. Вилијамс и главниот судија Алберто Томас во вториот сет, каков што долго не е виден на тениските терени ширум светот.

Прво Шпанецот ја опомена поради „коучинг", поточно помошта со гестикулирање на рацете која ја доби од својот тренер Патрик Муратоглу од трибините, а потоа и поради скршениот рекет, па затоа главниот судија и одзема и еден поен.

Тука конфликтот не заврши, откако Вилијамс го обвини Рамос за „крадец кој и украде поен", следуваше нова казна, одземен гем за големи 5:3 за Осака во вториот сет, а потоа 20-годишната тенисерка го дочека својот сервис гем и ја освои титулата, највредната во светот на тенисот.

Во првиот сет Осака беше подобра тенисерка на теренот, откако направи дури два брејка и спаси две брејк топки на противничката. Мечот вкупно траеше 80 минути.

После мечот, на официјалната церемонија не беше и судијата Рамос кој со голема брзина излезе од теренот и не се врати на истиот, иако после завршените финални мечеви, и судиите добиваат награди.

Најново во Други спортови