НОВО ВИМБЛДОНСКО ФИНАЛЕ ЗА НАЈГОЛЕМАТА

СЕРЕНА: Веројатно и заборавив на рекордот...

Американската тенисерка вели дека не ни размислувала за тоа дека на Вимблдон може да го израмни рекордот на Маргарет Корт според бројот на Грен слем титули, иако една победа ја дели од тоа несекојдневно остварување.

објавено: 13 јули 2018 - 10:57

Серена Вилијамс славеше против Германката Јулија Гергес (6:2 и 6:4), и на тој начин стигна до своето десето финале на турнирот во Лондон. Во сабота ја чека меч против уште една германска тенисерк, Анџелика Кербер, а тогаш Серена ќе се бори за својата 24.Грен слем титула.
Исто број на титули колку што и ма и славната Маргарет Корт на најголемите турнири на светот.
И иако од 1975 година се чинеше дека тоа е тешко достижен рекорд, сепак во светот на тенисот се појави „доминатор" и во вистинска смисла на зборот – Серена Вилијамс.

„Искрено, не размислував за тоа пред овој турнир. Ни на крај на памет не ми паѓаше такво непто. Веројатно дури и сум заборавила. Мислам дека тоа е добра работа, затоа што себеси си создадов голем притисок кога сакав да стигнам до 18.титули, а потоа и оној друг преостанат дел. Но како што говорев и во неколку претходни години, не сакам пред себе да поставувам граници. Тоа е само број, Сакам да освојам што можам повеќе, се што можам. И понатаму имам еден меч пред себе, па затоа и има уште што да се работи" – истакна Вилијамс.

Колку е голема говори и тоа дека и после една година, и после едно тешко породување, и после фактот дека стана мајка – стигна до финалето на Вимблдон,
Ќе се игра во сабота, од 15. часот.
Победи ли Серена Вилијамс ќе го освои својот осми шампионски трофеј на „Ол Ингланд" клубот во Лондон.

 

Најново во Други спортови