СЛЕДУВА ПОСЛЕДНИОТ МЕЧ ВО СЕЗОНАТА

За Ѓоковиќ нема дилема: Најдобар меч на турнирот

Најдобриот тенисер на светот е исклучително задоволен на начинот на кој играше и го победи Кевин Андерсон во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон.

објавено: 18 ноември 2018 - 09:00

Србинот го совлада Јужноафриканецот со убедливи (6:2 и 6:2), и на убедлив начин дојде до прилика да се бори за нов трофеј на завршниот турнир.

„Ова беше мојот најдобар меч на турнирот Дојде во вистински момент. Кевин играше одлично цела недела, но го загуби сервисот на стартот и тоа ја направи разликата. Знаев дека неговиот прв сервис е негова најсилна страна. Го користев вториот сервис и победив" – изјави Ѓоковиќ по пласманот во големото финале каде ќе игра против Александер Зверев.

„Многу сум задоволен што можам да играм на највисоко ниво константно. Многу играчи уморни дојдоа на турнирот. А ова е еден од најважните турнири за нас и се радувам што сум во ново финале“.

Колку Новак доминираше говори и податокот дека имал поголем број на Андерсон кој е познат по сјајниот сервис.

„Не е вообичаено да имате повеќе асови од Кевин, тоа ми ја зголемува самодовербата".

Противникот во финалето е големо изненадување, Германецот Александер Зверев.

„Игравме добар меч во групната фаза и мислам дека тогаш не беше на своето најдобро ниво. Евидентно е дека го подигна во овие други мечеви на турнирот. Го победи Роџер, прикажа сјаен меч, сервира одлично. Ќе се обидам да вратам што е можно повеќе први сервиси во терен. Ќе се борам за секој поен. Тоа ќе биде последниот меч во сезоната, нека победи подобриот" – заклучи Ноле пред мечот кој стартува вечерва од 19. часот.

Најново во Други спортови