ТРОЈЦА МАКЕДОНЦИ ПРЕТРЧАА 171 КИЛОМЕТАР НА МОН БЛАН!

Ултрамаратонците македонска гордост

Од пет членови на екипата, тројца Македонци на светскиот ултрамаратон на масивот Мон Блан, што се одржа меѓу 31 август и први септември, претрчаа 171 километар, минувајќи низ три држави.

објавено: 3 септември 2018 - 10:30


Овој подвиг го остварија Жикица Ивановски, еден од најпознатите македонски ултрамаратонци, добитник на многу признанија и награди, Игор Пирковски и Игор Јовановски.
Тие, 171 километар, минаа за 35 часа и 37 минути..
Интересно е да се одбележи дека на овој маратон учествуваа 2.500 натпреварувачи во светот, кои мораа претходно да бидат селектирани.

Жикица Ивановски досега учествувал на повеќе вакви ултртамаратони и патеката на Мон Блан му е позната. Впрочем, тој го држи македонскиот рекорд на оваа патека, остварен 2014 година, кога со својата сопруга Светлана Стојановска патеката ја минаа за 41 час и 41 минути ,односно 44 часа и 59 минути.

Светлана е првата Македонка која го претрчала овој светски маратон.
Македонските ултрамаратонци се рангирани од 357- 359 место од оние 2.500 учесници. Нз целта, македонските ултрамаратонци минаа со македонското знаме. Оваа фотогртафија го обиколи светот.
К.Манев

 

Најново во Други спортови