АТЛЕТСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЗА „СПОРТМЕДИА“

Време е мак-атлетиката да мисли на Токио 2020

И оваа година федерацијата и македонските атлетичари учествуваат на турнири, прашавме до федерацијата колку се задоволни од досегашните настапи, подготовки и резултати.

објавено: 27 јуни 2018 - 19:00

„Кога би направиле една ретроспектива слободно можеме да кажеме дека од година во година на Македонските атлетичари се подобри и подобри, имено соборуваат многу лични и државни рекорди .
Почнуваат веќе да освојуваат медали од Балканските шампионати , Балканот веќе го сочинуваат 17 држави, тука е и една Украина, секој медал е огромен Успех“.

Тоа се должи што нашите атлетичари во континуитет имаат од 30-40 дена во годината заеднички подготовки, се обезбедува квалитетна опрема, поголема исхрана, суплиментација, стипендии, им се овозможува настап на светски, европски и балкански шампионати, олимписки и медитерански игри и на многу атлетски митинзи и улични трки, со што се стекнуваат со искуство и знаење.

Атлетската федерација на Македонија вложува силни напори се со цел да се доближиме со резултатите ако не повеќе барем до балканските земји, време е веќе да мислиме за Олимпијадата Токио 2020 –да одиме со норма или со резултат кој носи 1200 бода по таблицата на ИААФ. Со еден збор можеме да кажеме дека сме горди со постигнатите резултати.

„Пред нас е друга и подобра иднина, македонската атлетика има солиден кадар, гледа на млади и перспективни атлетичари, ќе превземеме се што е потребно да атлетичарите и тренерите имаат подобри услови, досега покажавме само сериозност во работата и тоа е одлика на довербата кое ни го даваат Интернационалната Атлетска Асоциација и Федерација, Европската Атлетска Асоциација и Асоциацијата на Балкански Атлетски Федерации, Агенцијата за Млади и Спорт на Р.Македонија, Македонскиот Олимписки комитет и другите институции“.

Во фаза сме на приготвување на стратегија 2018 – 2022 со насоки подигнување на атлетиката, изградба на две нови атлетски патеки и атлетика сала, подобри услови за користење на Арената Филип 2ри (соблекувални, продолжено работно време, дозвола за фрлање на справи итн.)

Атлетската федерација исто така најавува анализа на постигнатите резултати, напредок, стагнација, причини, прогноза на резултати проекција на спортската форма.

Зајакнување на атлетските клубови градовите, да обезбеди повеќе извори на финансиски средства за опрема, реквизити, подготовки, поголема исхрана, стипендии и награди, стручно усовршување на тренерите, и професионално вработување на 3-4 тренери, атлетиката во училиштата како и да ја ставиме Атлетската федерација на Македонија на здрава и цврста основа .

Фидан Коминовски

Најново во Други спортови