АВСТРИЈЦИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА РЕВАНШОТ ПРОТИВ ШКЕНДИЈА

„Биковите“ за уште пожешко Скопје! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Не сакаат ништо да остават на случајот, избраниците на тренерот Марко Росе и покрај триумфот од 3:0, не сакаат да си дозволат непријатно изненадување.

Фудбалерите на австрискиот Салцбург или популарните црвени „бикови" го имаа официјалниот тренинг на „Филип Втори" Арената каде што во вторник од 20:15 часот ќе ги одмерат силите против Шкендија.

Македонскиот шампион е свесен за негативата (0-3), но и новата шанса која е пред него, дека уште ништо не е завршено во квалификациите за ЛШ и ќе се обиде со сите сили да го елиминира ланскиот полуфиналист во Лига Европа.

објавено: 13 август 2018 - 20:00