НОРВЕЖАНИТЕ ГО ИМАА ОФИЦИЈАЛНИОТ ТРЕНИНГ НА „ФИЛИП ВТОРИ“

Битката не е завршена, Розенборг во Скопје по европскиот „билет“! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Розенборг на првиот меч во „Леркандал" стадионот триумфираа со 3:1 против Шкендија и е поблиску до пласман во групната фаза на Лига Европа.

Македонскиот шампион ги одржува шансите за историски резултат, после голот на Бразилецот Стенио Жуниор на дуелот одигран во Норвешка.

Исам Џебали, Никлас Бендтнер и Џонатан Леви се главните носители на играта кои треба тетовските „црвено-црни" да ги запрат во намерата да не се прими гол, а што повеќе биде затресена мрежата на противникот.

ФОТО: Петр Стојановски

објавено: 29 август 2018 - 20:41