Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација триумфираше и во вториот натпревар од втората фаза од претквалификациите за Евробаскет 2021.
После победата на гости во Косово, избраниците на селекторот Јорданчо Давитков вечерва со 90:76 ја совладаа селекцијата на Романија во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“, Скопје.
Најефикасни во нашите редови беа Трајковски и В. Стојановски со по 21 поен, а на спротивната страна Ватсон реализираше 17.
Фото: Петр Стојановски
објавено: 16 септември 2018 - 20:20