КОГА Е ВО БЕЛГРАД – ПРАВЕЦ „МАРАКАНА"

Ноле дојде да ги поздрави своите „ѕвездаши", доби „десетка“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најдобриот српски тенисер на сите времиња, и актуелен освојувач на УС Опен и Вимблдон, Новак Ѓоковиќ е осведочен навивач на белградска Црвена Ѕвезда.

објавено: 15 септември 2018 - 22:15

Па штом дојде во Белград, побрза да ги поздрави раководството, стручниот штаб, фудбалерите, но и младите фудбалери во „црвено-бела" комбинација непосредно пред почетокот на средбата против Радник.
За посетата и за поздравот Ноле беше „награден" со еден дрес во неговите омилени бои и број, „десет", кој му го врачи шефот на струката на Црвена Ѕвезда, Владан Милојевиќ.