ОФИЦИЈАЛЕН ТРЕНИНГ НА МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН НА „ФИЛИП ВТОРИ“

Шкендија спремна за Салцбург, радосна вест за Изаир Емини! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вечерва на најголемиот стадион во Скопје избраниците на тренерот Ќатип Османи целосно фокусирани на возвратната пресметка против Австријците кои дојдоа со предност од 3:0.

Останува да се види дали ваквата позитива била реална од „Ред Бул Арената" и дали пред верните навивачи, љубителите на овој најомилен спорт ќе се види сепак вистинскиот квалитет, колку навистина вреди Шкендија која секогаш знаела, умеела и се борела за еден одличен фудбал на терените.

На сето тоа ќе додадеме и една радосна вест која дојде за еден од фудбалерите на македонскиот шампион. Станува збор за Изаир Емини кој по втор пат стана татко, му се роди вториот син, Елис...,му честитаме, па секако без сомнение голгетерот ќе добие уште поголема мотивација за реваншот од Лигата на шампионите...

објавено: 13 август 2018 - 20:55