ЕРЕВАН Е СЛЕДНАТА СТАНИЦА ЗА НАШИТЕ НАЈДОБРИ ФУДБАЛЕРИ

Сплотени со една цел: Македонските „рисови“ ќе гризат за нов успех! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската А репрезентација силно мотивирана и во нова одлична атмосфера влегува во следниот натпревар од УЕФА Лигата на нации против Ерменија во вторник.

После триумфот над Лихтенштајн веќе избраниците на селекторот Игор Ангеловски се наоѓаат во Ереван каде што ги одработуваат тренинзите пред можеби најважниот меч од групата 4 во Лигата „Д" за освојување на првото место.

Како што е веќе познато, вирусот е минато, сите се наоѓаат во најдобар ред, нашите најдобри играчи се желни и подготвени за уште една радост преку која ќе го продолжат својот европски сон.

Фото: Петр Стојановски

објавено: 14 октомври 2018 - 17:49