НА 46 ГОДИШНА ВОЗРАСТ

Фудбалска тага во Македонија - почина Есад Чолаковиќ

Македонија е обвиена во фудбалска тага, затоа што почина поранешниот репрезентативец на Македонија, Есад Чолаковиќ.

објавено: 26 мај 2016 - 14:30

Чолаковиќ беше член на славната генерација на Слога Југомагнат со која настапи во квалификациите за УЕФА Купот, а својата кариера ја заврши во 2005 година онаму каде што и ја почна - во Слога. Покрај за чаирчани, Чолаковиќ настапуваше за Вардар, Цементарница и Башкими Куманово.

Дефанзивецот почина на 46 годишна возраст. Чолаковиќ имаше и еден настап за македонската сениорска репрезентација. Во вечните легенди македонскиот фудбалер кој е еден од најтрофејните во историјата на мак-фудбалот замина како играч со најмногу одиграни куп-финалиња - вкупно осум.

Најново во Фудбал