УСПЕАЈА „ДОБРОНАМЕРНИТЕ“ СОВЕТИ

И ОФИЦИЈАЛНО: Тасев се откажа од кандидатурата, барем засега! Ќе има две Собранија!

Она што „Спортмедиа" уште синоќа го објави, стана и официјално. Сашко Тасев, откако беше повикан во 00:30 часот во ФФМ на полноќната седница на УО, се откажа, барем засега, од кандидатурата. 

објавено: 22 август 2018 - 10:49

ПРЕСВРТ во ФФМ, односно во „трката" за претседател на Федерацијата. Имено како што „Спортмедиа", која синоќа беше единствен медиум кој постојано известуваше од полноќната седница на УО на ФФМ, објави или најави, по завршување на состанокот некаде околу 04:00 часот, стана и вистина.

Сашко Тасев се откажа од кандидатурата, барем засега. По се изгледа ги послуша тие „добронамерни" совети до него.

Сега следува она што ретко кој се надеваше. Место на 1 септември ќе има Собрание на 4-5 истиот месец на кое ќе се менува Статутот на ФФМ. Потоа ќе се оди на распишување на нови избори во ОФС, по кои тие ќе можат да предлагаат свои кандидати за претседатели на ФФМ и тоа валидни, со оглед на тоа дека надлежните комисии на Федерацијата ги одби кандидатурите на Костов, Хаџи-Ристески и Станојковиќ.

Потоa ќе се оди на ново Изборно Собрание кое ќе се закаже на крајот на октомври или ноември на кое и дефинитивно ќе се избере нов претседател na ФФМ.

Значи допрва ќе видиме дали Костов, Тасев, Хаџи-Ристевски, Станојковиќ или некој друг седне на најпосакуваната фотелја во една спортска организација во Македонија.

Најново во Фудбал