ОДРЕДЕН ГРАДОТ ДОМАЌИН ЗА СОБРАНИЕТО

Промоција на новиот претседател во Охрид

Како и многупати досега изборот или промоцијата на претседателот на најмоќната и најбогатата спортска асоцијација – фудбалската ќе биде реализиран во Охрид.

објавено: 21 август 2018 - 12:45

Како и многупати досега изборот или промоцијата на претседателот на најмоќната и најбогатата спортска асоцијација – фудбалската ќе биде реализиран во Охрид.

Тоа е градот домаќин кој го одреди раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за одржување на Вонредното изборно Собрание, кое е закажано за 1 септември.

На оваа Вонредна собраниска седница треба да биде избран наследникот на претседателот во оставка Илчо Ѓорѓиоски. За негов наследник засега единствен кандидат кој мина пред Комисијата за избори и верификација е Сашко Тасев.

Кандидатурите на Харалампие Хаџиристески ( номиниран од ОФС Неготино), Влатко Костов (Тетово) и Вујадин Станојковиќ (Куманово) се одбиени и се наоѓаат пред Комисијата за жалби за која е највено дека ќе заседава денеска.

Најново во Фудбал