ВО ЧАИР ПОЧНАА ДА ПРИСТИГНУВААТ ЗАСИЛУВАЊА

Шкупи го тестира Колумбиецот Перез

Станува збор за напаѓач кој во првиот настап за чаирчани на тестот со второлигашот Генч Калемлер оставил интересен впечаток, па ќе има продолжен престој во Чаир пред да биде донесена конечната одлука дали ќе потпише договор.

објавено: 18 ноември 2018 - 15:37

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи кој есенва не ги постигна посауваните резултати веќе почна со потрага по засилувања за во зимскиот преоден рок.

Во Чаир на тест е пристигнат напаѓач од Колумбија, Алекс Давид Бариос Перез. До доби шанса викендов да го облече дресот на Шкупи на контролниот натпревар со втролигашот Генч Калемлер (0:0).

Првиот впечаток на стручниот тим на Шкупи предовден од турскиот стртаег Умит Каран е дека станува збор за интересен играч на кого ќе му биде продолжен престојот за да биде донесена конечната одлука дали да му се понуди и потпишување на договор.

Чаирчани најверојатно ќе го водат Перез и на зимските подготовки, по што ќе се произнесат дали ќе го задржат и на колкав период во своите редови.

Најново во Фудбал