Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард за прв пат беше во улога на тренер и тоа против македонскиот тим Шкупи, во рамките од првото коло од квалификациите за Лигата на Европа. Џерард е задоволен бидејќи неговиот Глазгов Ренџерс победи со 2:0.
По средбата, Џерард потенцираше дека Ренџерс бил подобар тим на теренот, но и дека има и втор меч на кој треба да се доврши започнатата работа.
„Победивме, а успеавме да ја сочуваме нашата мрежа, што значи дека и добро сме се бранеле. Дадовме втор гол во последната минута и тоа ни дава поголем комфор и олеснување. Ја контролиравме играта во поголемиот дел од мечот. Се работи за прв меч во сезоната и мора да бидам задоволен. Сепак има и втор меч и треба да го одработиме добро“, рече веднаш по вечерашната средба, Џерард.