СЕ РЕДАТ ПРИЗНАНИЈАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Барди кандидат за МВП на колото во Примера (ФОТО)

Нашиот интернационалец го запиша првиот погодок за Леванте сезонава во најсилната шпанска лига во гостинскиот триумф над Хетафе. Енис Барди од скоро 30. метри прекрасно стрелаше од слободен удар за победа на неговиот клуб.

објавено: 8 октомври 2018 - 14:12

За македонскиот репрезентативец кој сега ги започнува подготовките за настапот во УЕФА Лигата на нации, од час во час се редат признанијата после триумфот и неговиот гол во Примера.

Откако објавивме (Прочитајте ТУКА) дека на шпанската „Марка" се објави гласање за тоа кој е подобар специјалист меѓу Барди и Лионел Меси од Барселона, сега нашиот играч е номиниран меѓу најдобрите четири фудбалери на колото во Шпанија.

Покрај Барди, номинирани за признанието најкорисен фудбалер на колото (МВП) се уште Пабло Сарабиа (Севиља), Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад) и Езекиел Гарај (Валенсија). Својот глас можете да го дадете ТУКА

Најново во Фудбал