НОВО ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ

Енис Барди во друштво на Лео Меси, Пјаниќ, Чалханоглу...! (ФОТО)

Фудбалерот на Леванте е помеѓу најдобро оценетите во категоријата најдобри изведувачки на слободни удари во новата и популарна игра „ФИФА 19“.

објавено: 18 септември 2018 - 17:00

Енис Барди има вкупна оценка 90 колку што има и фудбалерот на Валенсија, Даниел Парехо Муњоз.

Прв на оваа листа е Лионел Меси (Барселона) со оценка 94, а зад него се Себастијан Џовинко (Торонто) и Хакан Чалханоглу (Милан) со по 93 и четвртопласиран Миралем Пјаниќ од редовите на Јувентус (92).

Лани македонскиот репрезентативец уште во првата сезона за Леванте блескаше со своите слободни удари преку кои и го привлече вниманието. Сезонава сеуште го чекаме неговиот прв погодок во Шпанија...

Најново во Фудбал